logo
logo
logo

На оваа возраст, паровите го имаат најдобриот интимен однос во животот - дури тогаш сè станува возбудливо и поопуштено

Vecer | 25.09.2025

На оваа возраст, паровите го имаат најдобриот интимен однос во животот - дури тогаш сè станува возбудливо и поопуштено

Педесетгодишните тврдат дека на таа возраст се поопуштени отколку во своите 20-ти, дали ова ве изненадува?

За генерацијата 50+, нови истражувања откриваат дека имаат помали кочници во креветот отколку кога биле помлади. Над четвртина од испитаниците вклучени во едно британско истражување признале дека сега повеќе уживаат во интимниот однос отколку претходно, а многу од нив откриле дека користат се*суални помагала.

Истражувањето покажало дека речиси 2/3 од испитаниците сметаат оти медиумите ги игнорираат постарите лица како сексуални битија. Токму затоа телевизијата Together TV, покренала кампања и го издала „Сребрениот водич за се*с“ (Silver Sex Guide) во соработка со професорката Шерон Хинчклиф од Универзитетот Шефилд.

Иницијативата ја поддржала активистката за поддршка на жените и водителка на поткастот, Лу Фетерсон, порачувајќи дека треба да се „прифати својата сексуалност, без оглед на годините“.

Општеството, како старееме, често ги потиснува разговорите за самодовербата, желбата и радоста, но тие особини никогаш не исчезнуваат. Горда сум што ја поддржувам кампањата на Tоgether TV да ги урне табуата и да ги охрабри луѓето да бидат поотворени. Најважно е секој да може да ја прифати својата сексуалност без оглед на годините! – изјавила Фетерстон.

Професорката Хинчклиф заклучува:

Годините не ја бришат желбата – тие само го менуваат начинот на кој ја доживуваме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk