- Китот-убиец, кој се насука на брегот, беше префрлен во Охотско Море, а сега животното закрепнува, па постои надеж дека ќе доплива до морето - се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости, објави Ројтерс.
Веднаш по откривањето на насуканиот кит, луѓето почнале да ја полеваат со вода женката кит убиец и ископале канал во песокот до водата. Претходно беше објавено дека женката орка е во лоша состојба, кожата ѝ е напукната, а по телото има рани и дека најверојатно подолго време лежела на брегот.
На почетокот на октомври била започната спасувачка операција на брегот на Камчатка, во која неколку дена од плиткото било извлечено семејство китови убијци, меѓу кои и младенчиња. Тогаш сите животни биле спасени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата