logo
logo
logo

МОЖЕБИ ВЕ ШПИОНИРААТ: Не ја игнорирајте оваа зелена сијаличка на телефонот

Vecer | 22.08.2023

МОЖЕБИ ВЕ ШПИОНИРААТ: Не ја игнорирајте оваа зелена сијаличка на телефонот

Зеленото светло во горниот десен агол на вашиот паметен телефон, кој работи на оперативниот систем Андроид, ви кажува дека некоја апликација ги користи сензорите на телефонот - или микрофонот или камерата, пишува Дејли мејл.

Секако, доколку споменатата сијаличка е вклучена, а не сте стартувале ниту една апликација која користи камера или микрофон, можно е некој злонамерен актер да ве шпионира преку некој шпионски софтвер (spyware).

Во повеќето случаи, не треба да обрнувате внимание на оваа светлина, меѓутоа, доколку се сомневате дека некој ве шпионира, тогаш треба многу брзо да реагирате.

„Светлото ќе се запали ако ја користите камерата, ако зборувате или ако користите апликација која не може да работи без нив, како глас или дигитален асистент. Најчесто тоа се апликациите што сте дозволиле да користат камера и микрофон“, вели Џејми Ахтер, извршен директор и коосновач на компанијата за сајбер безбедност CyberSmart.

„Сепак, ако забележите портокалово или зелено светло во горниот десен агол кога не користите никакви апликации, време е да истражите“, додава Ахтар.

„Најчесто тоа е затоа што сте дозволиле апликацијата да пристапи до камерата или микрофонот кога не работи. Прегледајте кои апликации сте дозволиле да ги користат камерата и микрофонот и отстранете ги апликациите што немаат причина да ги користат. Ако ниту тоа не помага, можно е телефонот да ви е хакиран и да ве шпионираат“, вели Актар.

Извршниот директор на CyberSmart им препорачува на сомнителните корисници да ги скенираат нивните телефони за да видат дали некој злонамерен и штетен софтвер некако е вбризган во нив. После тоа, корисниците треба да ги променат своите лозинки, но не на сомнителен уред, туку на оној за кој знаат дека е безбеден. Конечно, телефоните треба да се ресетираат на фабрички поставки.

Кога зеленото светло ќе се вклучи на вашиот уред, повлечете надолу од врвот кон долу за да го отворите горното мени што кажува која апликација ја користи камерата и/или микрофонот. Ако потоа го притиснете зеленото светло со прстот, телефонот ќе ви каже која апликација ја користи камерата и/или микрофонот. Ако сметате дека апликацијата нема причина да ги користи тие два уреди, отповикајте ја таа дозвола во поставките.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk