logo
logo
logo

Може ли да ве „дрмне“ струја додека полните електричен автомобил?

Vecer | 27.10.2021

Може ли да ве „дрмне“ струја додека полните електричен автомобил?

Електричните автомобили се тестирани на сите можни начини и затоа можноста за струен удар е минимална при нормална употреба.

Но, кога ќе го полните вашиот автомобил преку незаземјен штекер, работите се малку поинакви.

Штефан Мелер, добар познавач на електрични автомобили и директор на компанија за изнајмување вакви возила од Арнштат во Германија, тврди дека полнењето на електричните автомобили е сосема безбедно.

Убеден во тоа, тој беше целосно шокиран кога ненадејно, неочекувано, почувствува електричен удар додека го внесуваше својот багаж во својот Hyundai Ioniq 5.

Мелер останал неповреден, па веднаш тргнал на работа за да провери како тоа воопшто можело да се случи.

Се испостави дека автомобилот се полнел преку обичен приклучок за домаќинство, но дека не бил заземјен. Бидејќи не носел чевли со гумен ѓон, кога го допрел металниот дел од автомобилот, го „тресела“ струјата.

Со други зборови, кога ќе се спојат овие четири фактори (куќен штекер, без заземјување, без изолација - без гумени чевли, допир на метален дел), сосема е можно да дојде до струен удар.

Ваквите електрошокови можат да бидат потенцијално опасни по живот, бидејќи се работи за напони поголеми од 50 волти, кои се сметаат за опасни за возрасните, додека оние од 25 волти се опасни за децата.

[embed]https://youtu.be/Re2vEqN6TOs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk