Деновиве сите зборуваат дека кралот Чарлс има рак. Не е познато за каков вид на рак се работи, но откриен е при неодамнешниот третман за зголемена простата.
По дијагнозата, на социјалните мрежи повторно почна да се шири бизарното видео од крунисувањето на кралот во 2023 година. Во еден момент од крунисувањето, гледачите забележале необична сцена на влезот во Вестминстерската опатија.
Станува збор за маж кој бил облечен во црна облека, а неговиот изглед многумина ги потсетил на она што се нарекува „симбол на смртта“. Тогаш многумина на социјалните мрежи тврдеа дека тоа не е добар знак.
Некое време подоцна беше откриено дека всушност станува збор за помошник кој учествувал во верски церемонии. Сепак, видеото повторно почна да кружи на социјалните мрежи откако беше објавено дека Чарлс има рак.
Инаку, кралот Чарлс реши да ја сподели својата дијагноза за да спречи какви било шпекулации. Тој се надева дека ќе помогне да се зголеми разбирањето на јавноста за целиот свет погоден од ракот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата