logo
logo
logo

Многу скап стриптиз: Ирец може да добие 20 години затвор, зашто се соблекол во авион

Vecer | 22.01.2022

Многу скап стриптиз: Ирец може да добие 20 години затвор, зашто се соблекол во авион

Ирецот кој одбил да носи маска и ги соблекол панталоните за време на летот од Даблин до Њујорк може да се соочи со казна затвор до 20 години доколку биде осуден за напад, соопшти американското Министерство за правда.

Шејн Мекејнер (29) предизвикал хаос на летот за САД на почетокот на јануари, а една недела подоцна е обвинет за „намерен напад и заплашување на членовите на екипажот “.

Меккејнер, наводно, одбил да носи маска, удрил друг патник со лименка сок и „ги соблекол панталоните и долната облека и и` го покажал задникот на стјуардесата и патниците“.

Ирецот заминал на Флорида каде имал работа во фудбалската академија, пишува Гардијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk