- Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ.
Според неа, програмата поддржана од ММФ е дел од пошироката фискална рамка осмислена да го покрие проектираниот дефицит на државниот буџет од 136,5 милијарди долари во текот на четири години и вклучува продолжување на реформите кои обезбедија макроекономска и финансиска стабилност во претходните години.
- Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија – истакна Свириденко.
Премиерката на Украина претходно неделава изјави дека украинската влада успеала да постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на годишниот лимит за индивидуалните претприемачи, по чие достигнување мора да се регистрираат како обврзници на ДДВ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата