logo
logo
logo

Младоженецот по свадбата доживеа разочарување кога го отвори подарокот од своите родители: „Што е ова, навистина не е фер!“

Vecer | 03.10.2025

Младоженецот по свадбата доживеа разочарување кога го отвори подарокот од своите родители: „Што е ова, навистина не е фер!“

Поради ова почна да ги преиспитува семејните ветувања и принципот „еднакво за сите“ кој го учеле додека растел.

Во својата објава на „Reddit“, тој откри дека особено се чувствува повредено затоа што неговите родители вложиле значително повеќе пари во свадбата на неговата сестра отколку во неговата. Иако очекувал дека родителскиот придонес ќе биде сличен, големата разлика од дури 17.000 евра предизвикала чувство на неправда и фрустрација.

– Цел живот слушав како велат: „Секогаш ќе се погрижиме работите да бидат еднакви“ и дека, без разлика колку ќе потрошат за свадбата на мојата сестра, ќе сторат исто и за мене – напиша тој, додавајќи дека смета дека паричниот придонес од неговите родители за неговата свадба не бил фер:

– Потрошија вкупно околу 17.000 евра за свадбата и приемот на сестра ми, а покрија и трошок за нејзината венчаница – кој веројатно чинел стотици или илјадници евра – објасни тој, додавајќи дека родителите на нејзиниот сопруг платиле само вечера пред свадбата.

„Го отворив нивниот подарок и бев шокиран“

Сепак, една година подоцна, неговите родители не беа подготвени да се „отворaт“ толку многу, плативќи само вечера пред свадбата – додека родителите на неговата сопруга ја платиле целата прослава. Како што додаде, знаејќи дека не се потрошиле многу на свадбата, очекувал дека како подарок ќе добие поголема сума од нив, но тоа не се случило.

– Го отворив подарокот од родителите и бев шокиран – само честитка и 350 евра… дали сум луд што мислам дека требаше да ни дадат повеќе? Цел живот слушав како зборуваат за некаква еднаквост и сега доживеав вакво нешто?! – напиша тој, додавајќи дека знае дека може да звучи расипано или „како каприциозно дете“, но дека би сакал повеќе да не добил никаков подарок отколку оваа мала сума.

„Конзистентноста во еднаквоста вреди повеќе од сè“

Корисниците на Reddit изразија различни мислења во коментарите. Некои забележаа дека трошоците за свадбите на братот и сестрата биле поделени на ист начин, укажувајќи дека во двата случаи семејството на младоженецот платило вечера пред свадбата, додека семејството на младата ја платило свадбата. Други тврдеа дека родителите треба да им дадат на своите деца еднаков износ за „најправеден пристап“, дури и ако парите не биле искористени на ист начин.

– Никогаш не би им давал различни износи за свадба на своите деца само затоа што постои стара традиција дека родителите на младата плаќаат прослава – беше најпопуларниот коментар.

Друг коментатор се согласи и додаде:

– Таа конзистентност во еднаквоста вреди повеќе од било кој поединечен подарок, затоа што ја чува правдата и почитта меѓу браќата и сестрите.

Извор: Биз портал

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk