logo
logo
logo

Младоженец ја фрла свадбената торта пред расплаканата невеста, снимката има над 40 милиони прегледи (ВИДЕО)

Vecer | 26.09.2025

Младоженец ја фрла свадбената торта пред расплаканата невеста, снимката има над 40 милиони прегледи (ВИДЕО)

Беше пуштена познатата италијанска песна „Sara perche ti amo“, а возбудените гости гласно навиваа.

Во еден момент, младоженецот реши да го натопи прстот во шлагот, што ја налути Олга, а ситуацијата брзо ескалираше.

Видеото стана вирално

Камерата го фати бесниот Володимир како ја фрла тортата од масата, како и шокираните гости. Потоа невестата Олга се упати кон терасата, што само го засили скандалот.

@olya_chashuk ♬ оригінальний звук - olya_chashuk

Видеото од свадбата во Украина брзо стана вирално, со над 40 милиони прегледи. Гледачите оставија илјадници коментари, споменувајќи „црвени знамиња“ и развод, а потоа следеше невиден пресврт.

Пет минути слава

Како што се испоставило, инцидентот бил планирана шега, веројатно наменета да им даде на младенците пет минути слава на социјалните мрежи, објавува Net.hr.

Олга објави колку прегледи „собрало“ видеото и напиша дека „шегата уште еднаш покажа дека луѓето се повеќе заинтересирани за туѓата несреќа отколку за радоста“.

@olya_chashuk #весілля2025 #впавторт #торт ♬ оригінальний звук - olya_chashuk

Критики за „лажниот скандал“

Покрај тоа, таа објави неколку фотографии кои потврдија дека првите моменти од бракот биле романтични, но во исто време доби и критики за „лажниот скандал“.

@olya_chashuk ♬ оригінальний звук - olya_chashuk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk