Таа се пожалила на силни болки во стомакот, верувајќи дека се работи за вирус, но по преглед била препратена на специјалист, пренесува Лего.
Лекарите во болницата Кастиљоне ди Равело, каде што се јавила 20-годишната девојка, се посомневале дека се работи за грчеви поврзани со бременост. Пациентката тврдела дека не е бремена, но се согласила на гинеколошки преглед.
Многу брзо ѝ било утврдено дека нема дигестивни проблеми, туку дека веќе добила термин и дека се породува! Девојката била шокирана и целосно неподготвена за ваков голем настан.
За среќа во болница пристигнала и нејзината мајка, со која заедно го поминале породувањето. Родено е здраво девојче тешко 3,5 килограми, кое го добило името по нејзината баба.
Случајот со девојката од Трамонти е редок случај и обично се нарекува „скриена“ или „криптична бременост“.
Во такви ситуации, симптомите на бременост, како што се утринска мачнина, зголемување на телесната тежина, пропуштени менструации или движење на фетусот, може да бидат благи или целосно отсутни.
Затоа младата девојка не се ни посомневала дека носи дете, се објаснува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата