Со години е во центарот на бројни теории на заговор, па популарниот јутјубер Рајан Трехан реши да го посети и да го документира секој детал.
Една од теориите е дека куќата ја изградил неименуван милијардер во случај на „зомби апокалипса“, а другата е дека таа претставува „седиште на верски култ“.
Исто така, неосновано се тврдеше дека куќата е во сопственост на пејачката Бјорк, а таа преговарала со владата за купување на целиот остров.
Рајан го следат 17 милиони луѓе ширум планетата, па сакал да ја сподели својата авантура со нив, и да ја пренесе приказната за „најосамената куќа“.
До островот Етлидај стигнал со брод, придружуван од двајца пријатели. Бидејќи нема пристаниште морале да се искачат по стрмните карпи, пренесува LadBible.
По некое време стигнале до белата куќа, опкружена со трева и диви животни. Јутјуберот влегол во „книгата на гости“ и сфатил дека тука биле 11.265 луѓе.
Подоцна ја покажа трпезаријата, просторот за седење, како и просторијата во која ја поминал ноќта.
Мистериозната куќа всушност била изградена од страна на Ловечкото здружение Етлидеј во 1953 година за да им ги олесни патувањата на своите членови. Во него немало ниту струја, ниту вода.
Има и помал објект каде што се верува дека биолозите ја складирале својата опрема. Имено, островот е природен резерват за бројни видови птици и е заштитен со закон.
Јутјуберот решил да го напушти Етлидеј, пред морето да се разбранува, бидејќи во тој случај ќе морало да остане најмалку седум дена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата