logo
logo
logo

Мислите дека знаете што значи „i“ во iPhone? Одговорот може да ве изненади!

Vecer | 31.01.2023

Мислите дека знаете што значи „i“ во iPhone? Одговорот може да ве изненади!

Малата буква „i“ пред повеќето производи на Apple стана толку популарна што сега речиси никој веќе не обрнува внимание на неа, а уште помалку луѓе знаат што всушност значи. Дали некогаш сте се запрашале што всушност значи префиксот „i“?

Обично луѓето претпоставуваат дека тоа значи, преведено од англиските имиња, „интелигентен или незаменлив“, а некои дури мислеа дека „i“ значи „мој телефон“, но тоа не е така, пренесува Mirror.

Во 1998 година, Стив Џобс го претстави iMac, првиот производ на Apple со сега познатиот префикс. Неговата идеја беше едноставна – „i“ го означува она за што повеќето луѓе ќе користат персонален компјутер, а тоа е Интернетот. Меѓутоа, ваквото објаснување не било довршено, па Џобс подоцна открил што друго значи „i“, а тоа всушност не е само еден збор, туку дури пет од нив, кои го симболизираат целиот идентитет на неговата компанија. Имено, тој рече дека буквата „i“  ги означува зборовите: „индивидуалност, инструкции, информации и инспирација“. Тој, исто така, мистериозно рече дека всушност „нема официјално значење“, алудирајќи на тоа што потенцијално значи „лична заменка“ и „упатство“ за едукативни цели.

Компанијата наскоро почна да го користи „i“ во речиси сите производи, од софтверот iTools до хардверот, вклучувајќи го и iPod, и на крајот го добивме iPhone, иако на почетокот имаше правни компликации, бидејќи Cisco го користеше истото име за својот производ. Денес, добро познатиот префикс е заштитен знак на Apple, иако е укинат со најновите производи, како што се Apple TV и Apple Watch. Сепак, малку е веројатно дека некој ќе го поврзе малото „i“ пред името на производот со нешто друго освен нивните производи во блиска иднина.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk