logo
logo
logo

Милиони млади Американци СЕ ВРАЌААТ КАЈ РОДИТЕЛИТЕ, СКАПО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ САМИ

Vecer | 07.12.2022

Милиони млади Американци СЕ ВРАЌААТ КАЈ РОДИТЕЛИТЕ, СКАПО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ САМИ

Според новото истражување, зголемените кирии принудија милиони млади Американци да се преселат кај своите родители оваа година или да се вратат во семејниот дом.

Околу еден од четири милениумци живее со своите родители, според истражувањето на Pollfish спроведено на 1.200 луѓе за PropertyManagement.com, пишува Bloomberg.

Ова е еквивалентно на околу 18 милиони луѓе на возраст меѓу 26 и 41 година. Повеќе од половина рекоа дека се вратиле во својот семеен дом во изминатата година.

Главната причина за овој потег е порастот на трошоците за изнајмување станови: Околу 15% од милениумците кои изнајмуваат стан/куќа велат дека трошат повеќе од половина од својот приход - по оданочувањето - на кирија.

Како што понатаму наведува њујоршката агенција, проблемите најпрво започнале поради пандемијата, која предизвикала големи загуби на работни места, како и скок на трошоците за домување. Ова доведе до големи животни промени за многу Американци.

Во септември 2020 година, истражувањето спроведено од Pew center покажа дека ова е прв пат по Големата депресија (1929-1939) мнозинството Американци - на возраст меѓу 18 и 29 години - да живеат со своите родители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk