logo
logo
logo

Место да чува внуци - 79-годишна БАБА станала шеф на НАРКО банда!

Vecer | 04.08.2021

Место да чува внуци - 79-годишна БАБА станала шеф на НАРКО банда!

79-годишна жена од Шпанија е уапсена како мозок на операцијата на криминална група која криумчарела кокаин во пратки со корали од Латинска Америка во Европа, соопшти денес шпанската полиција.

Цивилната гарда соопштила дека три члена на криминалната група работеле со увоз на корали во Шпанија од Доминиканската Република преку Португалија и дека контејнерите биле модифицирани за шверц на кокаин во тајни прегради, пренесува Ројтерс.

- Криминалната група имала јасна хиерархиска структура, а 79-годишната жена била водач, се наведува во соопштението.

Жената со уште двајца Шпанци на возраст од 26 и 60 години била уапсена во Португалија за време на операцијата која ја воделе шпанската цивилна гарда, националната полиција и португалската судска полиција.

Криминалната група привлекла внимание кога се обидела да собере пари од други групи за својата илегална трговија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk