Овен

Ве очекува богат, па и за некои овни и судбоносен месец, бидејќи во овој период некои претставници на овој знак ќе ја запознаат својата сродна душа и ќе воспостават хармонија во личниот живот. Астролозите ве повикуваат да бидете активни и продуктивни, да покажете отвореност и добра волја кон другите. Бидете и толерантни и исполнети со почит. Ноември е месец за личен триумф за слободните овни кои ќе бидат во центарот на вниманието и лесно ќе ги освојуваат симпатиите околу нив.

Бик

Ве очекуваат поволни денови во текот на ноември. Осамените бикови можат да очекуваат судбоносно познанство на службено патување или викенд, а ако се во врска многу романтични мигови со саканата личност. Ќе постигнете меѓусебно разбирање и ќе посветите внимание на саканата личност.

Близнаци

Не ви препорачуваме да ги трошите своите чувства и енергија на луѓе кои не ве ценат. Подобро би било подобро да размислите за следните чекори и што е неопходно во односот со другите луѓе за да постигнете мир и хармонија. Ако сте во врска, можни се расправии поради финансиите и различни ставови. Почекајте да се смират неповолните страсти, па дури потоа донесете одлука. Бидете трпеливи и живејте во согласност со своите вредности, тогаш ќе се појави вистинската љубов.

Рак

Ова ќе биде тежок месец за оние кои премногу размислуваат. Ако сте сами, можеби ќе размислувате премногу за работите кои не функционираат во вашите љубовни односи, но тешко дека ќе дојдете до заклучок. За некои ракови кои се во врска, можни се и раскинувања, но по некое време ќе сфатите дека сте донеле добра одлука. Слободните ракови можеби ќе се заљубат кон крајот на месецот, но можно е тоа да е само платонска романса засега.

Лав

Лавовите кои не се во врска во ноември ќе почувствуваат силен наплив на енергија и неодолива желба да најдат животен партнер. Ќе барате симпатија меѓу луѓето кои ги знаете, но не и меѓу пријателите и колегите. Жените лавови кои се во долга врска можеби ќе добијат понуда за брак или заеднички живот. Сепак, кај некои мажи лавови ќе се јави сомнеж и љубомора, па можни се конфликти без причина. Ако сте напнати, потрудете се да поминете повеќе време во природа. Не ја пренесувајте нервозата на другите околу вас.

Девица

Слободните претставници на овој знак веќе подолго време размислуваат дека потребно е да ги сменат критериумите кога бараат партнер, но треба да знаете дека вистинската личност ќе дојде кога ќе престанете да идеализирате и анализирате и кога ќе им дозволите на другите подобро да ве запознаат.

Вага

Доколку сте во љубовна врска, овој месец во потполност ќе зависи од вашата желба да бидете заедно. Ќе се нурнете во љубовта, но нема да дозволите да го изгубите разумот. Уживањето ќе ви дојде неочекувано бидејќи некое време се борите со тоа да најдете баланс во животот, а ова е месец кој ви го носи тоа, плус ви носи и дополнителна среќа на ова поле. За слободните претставници на овој знак, ноември носи предизвици, но штом ги надминат, декември ќе биде прилично романтичен месец.

Скорпија

На љубовен план ве очекуваат суета и грижи. Ќе се повлечете во себеси и ќе ги избегнувате другите поради проблемите поврзани со работата. Скорпиите кои не се во врска тежнеат кон љубов и нови познанства, но пробајте да ги избегнете лошите одлуки поради страв од самотија. Подобар период за почеток на врска е декември.

Стрелец

Ноември носи неверојатна среќа за стрелците. Ова е и ваш месец, а ќе чувствувате неверојатна сила и самодоверба. Многу стрелци ќе започнат силна врска, а работите ќе се развиваат со силен интензитет преку длабочината на разговорите со саканата личност. Ако веќе некое време ги криете чувствата од некоја личност, сега е време да го признаете тоа.

Јарец

Во ноември вашиот љубовен успех зависи од тоа како ќе ги контролирате своите негативни емоции. Преземете иницијатива во личните односи и пробајте да го средите умот пред да влезете во врска. Јарците кои се во врска ќе мораат да покажат желба за компромис, но и да ги контролираат своите емоции. Не брзајте со заклучоци и одлуки.

Водолија

Во љубовниот живот на водолиите, овој ноември носи промени кои од нив ќе бараат да ги преиспитаат блиските односи со другите луѓе. Главното нешто што ве спречува да развиете силен љубовен однос е вашиот карактер, но и тешко ви е да ги признаете своите грешки. Затоа, пробајте да го промените тоа. Водолиите кои се во врска во овој период ќе треба да ги откријат своите тајни и да се посветат на блискоста со саканата врска.

Риби

Овој месец вашиот живот нема воопшто да биде мирен, посебно во љубовната сфера. Најверојатно ќе бидете загрижени поради некои неволји, а тоа ќе ја намали вашата самодоверба. Пробајте да и верувате на својата интуиција. Потсетете се на почетокот на врската ако сте во врска или пак на вашата вредност ако сте слободни. Имате голема шанса за романса на крајот на месецот, но морате да си ја повратите самодовербата и да верувате во тоа колку вредите.