logo
logo
logo

СКАНДАЛОЗНО

Менувањето партнери и оргиите составен дел од нивниот брак: Таа ЗБОРУВА ЈАВНО, а тој ја ПОДДРЖУВА

Vecer | 24.09.2022

Менувањето партнери и оргиите составен дел од нивниот брак: Таа ЗБОРУВА ЈАВНО, а тој ја ПОДДРЖУВА

Сопругата на Вил Смит јавно го призна изневерувањето кое тој и простил, сметајќи дека нема ништо лошо во тоа.

Актерката Џејда Пинкет Смит неодамна го прослави својот 51 роденден, додека оваа година ја одбележа инцидентот на Оскарите, кој го предизвика нејзиниот сопруг Вил Смит.

Хаос настана откако комичарот Крис Рок се пошегува на нејзина сметка, инсинуирајќи дека нејзината ќелавост е резултат на автоимуна болест со која се бори актерката.

Вил веднаш реагирал, сакајќи да ја заштити својата сопруга, покрак која секогаш стоел покрај измамите и скандалите што таа му ги правела.

Vil Smit, Džejda Smit

Самата Џејда еднаш призна дека го изневерувала сопругот, додека пејачот Огаст Алсина изјавил дека тој имал врска со неа, додека за истата добил дозвола токму од нејзиниот сопруг Вил Смит.

Двојката се венча во 1997 година, а имаат две деца - син и ќерка. Нивниот брак важеше за еден од похармоничните, но фактот што отворено признаа дека повремено разменуваат партнери со други парови, како и уживаат во оргии, ја шокираше јавноста.

 

Džejda Smit

Во една прилика таа рекла дека не сакала да се омажи за Вил и дека мајка ѝ ја принудила на тоа.

"Бев под голем притисок, знаете, бев млада актерка, а бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да се омажам", рекла Џејда.

 

Vil Smit

Актерката зборувала за своите сексуални искуства во емисијата „Red Table Talk“, а она што го откри ја шокираше јавноста.

„Еднаш имав тројка. Бев многу, многу млада, во моите рани дваесетти“, рекла таа.

Џејда рекла дека никогаш не и било доволно интимност, и дека станала зависна од порнографија. Признала и дека баба и ја научила да мастурбира уште на девет години.

 

Džejda Smit

За нивната отворена врска, Вил рече дека прават се што е природно, вклучително и секс со некој друг, и дека се е во ред со нивниот брак се додека имаат согласност од другиот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk