logo
logo
logo

ПРЕДЛОГ МЕНИ

МЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА: Одлично време за менување на исхраната

Vecer | 17.05.2022

МЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА: Одлично време за менување на исхраната

Медитеранската исхрана им е омилена на многумина бидејќи е флексибилна, богата со вкусна храна и здравствени придобивки.

Што е медитеранска исхрана?

Медитеранската исхрана е стил на исхрана кој се заснова на традиционалната исхрана на медитеранските земји како Шпанија, Франција, Италија и Грција. Истражувачите забележале дека луѓето во овие земји имаат помала стапка на хронични болести, а тоа го припишуваат на нивната единствена исхрана, пишува Healthline.

За разлика од другите популарни диети, медитеранската диета се фокусира на вклучување на одредени видови храна и групи на храна, наместо да брои калории. Здрави масти, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки, мешунки и цели зрна се само некои од клучните компоненти на медитеранската исхрана.

Како да се придржувате до медитеранската исхрана?

Медитеранската исхрана се фокусира главно на хранливи состојки како што се овошјето, зеленчукот, здравите масти и целите зрна. Иако се фокусира првенствено на растителна храна, други состојки како живина, морска храна, јајца и млечни производи се, исто така, присутни. Оваа диета се води со тоа дека се избегнува преработена храна, како и дополнителни шеќери. Покрај промените во исхраната, редовната физичка активност е уште една клучна компонента на медитеранската исхрана, пишува Healthline.

Пример за тридневно мени на медитеранската исхрана

1. ден

Појадок: вегетаријански омлет со спанаќ, домати и печурки

Ручек: грчка салата со пилешко, фета, маслинки, краставици и домати

Вечера: риба на лимон со брокула и кафеав ориз

 

2. ден

Појадок: овесна каша со јагоди, боровинки, ореви и цимет

Ручек: пилешко

Вечера: лазања од цели зрна со гарнир

 

3. ден

Појадок: грчки јогурт со семе од чиа и сечкаа банана

Ручек: тиквички полнети со мелено месо, киноа, пиперки, домати и  маринара сос

Вечера: некој вид риба

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk