На неименуваната жена на ручек ѝ се „придружила“ дива мечка, која ја изела храната од чинијата, а потоа ѝ удрила шлаканица!
На почетокот, ѕверот непоканет се гости со храната, додека жената неподвижна седи на масата. До неа е маж кој исто така не се движи.
Штом мечката влегла во градината се појавиле вработените кои се обиделе да ја избркаат. Сепак, животното не било вознемирено. Таа продолжила да јаде, а потоа ненадејно ја плеснала жената со шепата по лицето.
Таа потоа побегнала од ресторанот, додека гостинката останала мирна. Како што е познато, таа била неповредена, пишува Дејли мејл.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата