logo
logo
logo

Мечка четврти пат ограби иста слаткарница

Vecer | 16.01.2026

Мечка четврти пат ограби иста слаткарница

 Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи.

Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се сериозен проблем. Тие додаваат дека преземале секакви мерки за заштита, вклучувајќи безбедносни брави, контејнери отпорни на мечки и дополнителни безбедносни системи, но тоа не ја  спречило мечката да си „касне“ по четврти пат од „слатките“ задоволства.

Случајот е пријавен во Агенцијата за ресурси и диви животни на Тенеси (TВРА), која потврди дека спроведува истрага. Газдите се надеваат дека мечката ќе биде преместена, додавајќи дека го почитуваат локалното диво животинско царство и Националниот парк Големи димни планини. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk