Првиот пациент во Русија прими персонализирана вакцина против меланом, соопшти денес прес-службата на руското Министерство за здравство.
„Во Националниот медицински истражувачки центар на руското Министерство за здравство, персонализираната мРНК вакцина „Неонковак“ против рак беше употребена за прв пат во клиничката пракса кај пациент со меланом“, соопшти прес-службата.
Првиот пациент беше 60-годишен жител на Курската област, на кого му беше дијагностициран меланом на кожата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата