logo
logo
logo

„Ме навредуваа заради ГРАДИТЕ, ПОСЕБНО ЖЕНИТЕ“ (ФОТО)

Vecer | 16.09.2021

„Ме навредуваа заради ГРАДИТЕ, ПОСЕБНО ЖЕНИТЕ“ (ФОТО)

Манекенката од Велика Британија, Емили Хоторн (20), тврди дека доживеала страшен напад на паника, бидејќи нејзините следбеници ја навредувале во коментари под објавата во која промовирала ресторан.

На фотографијата, Емили носи фустан со длабоко деколте, па нејзиното деколте е во преден план.

Јапонскиот ресторан „Маки и Рамен“, кој таа го промовираше, издаде соопштение со кое ги осуди коментарите со јасна порака дека „жените можат да јадат облечени во она во што се чувствуваат удобно“.

Моделот сакаше, како што рече, да „исчезне од лицето на земјата“ и е непријатно изненадена од коментарите што и ги оставиле жените:

„Ги погледнав коментарите под фотографијата и бројот на негативни коментари за мене беше навистина шокантен. Физички се тресев. Имав напад на паника и мислев дека сакам да исчезнам. Она што беше ужасно беше што повеќето од коментарите беа објавени од жени "кои пишуваа непристојни работи и ги обележуваа своите пријатели. Секогаш мислев дека жените треба да ги поддржуваат другите жени, па беше ужасно да се видат нивните злобни коментари", рекла Емили за Сан.

Таа вели дека ја навредувале и како мала но и покрај сите навреди има одлични пријатели кои ја поддржуваат.

„Секогаш ќе блескаш посветло од луѓето што се обидуваат да те понижат. Никогаш нема да заборавам низ што поминав и како се чувствував, но треба да се фокусираме да се поддржуваме едни со други и да бидеме најдобрата верзија на самите себе", заклучи Емили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk