logo
logo
logo

Мажите сакат да знаат 5 работи за жените, АМА НЕМААТ ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРАШААТ

Vecer | 09.05.2021

Мажите сакат да знаат 5 работи за жените, АМА НЕМААТ ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРАШААТ

Мажите сакаат да им дадат задоволство на жените, но имаат и некои сомнежи. Иако би било најлесно да се прашаат жените директно за тоа што ги интересира, верувале или не, тие не се осмелуваат да направат такво нешто.

Овие 5 прашања навистина би биле среќни да ве прашаат, но немаат доволно храброст за такво нешто.

Колку често жените размислуваат за секс?

Неодамнешното истражување спроведено од страна на интернет за запознавање покажа дека жените размислуваат за секс околу 18 пати на ден, или на секои 51 минути, ако се смета спиење осум часа на ден.

Ова секако варира од жена до жена, но зависи и од низа други фактори, како што е менструалниот циклус, за време на кој расположението на жената за секс, како и за која било друга активност, може да се промени во секунда.

Како се чувствувате кога имате повеќе оргазми?

Мажите дефинитивно не можат да го замислат ова, и повеќето од нив би сакале да го доживеат тоа. А, чувството е точно како што звучи - повеќе изливи на возбуда еден по друг, што понекогаш прави да се чувствувате како да ќе се потрошите.

Зошто жените сакаат да бидат горе?

Од истата причина како и мажите: да се чувствуваат помоќни и да ја преземат контролата.

Што ги „пали“ жените?

Многу едноставно! Најдобро би било директно да ја прашате жената со која сте интимни што ја возбудува. На тој начин вие и таа ќе бидете посреќни! Ако сè уште ви е непријатно, тогаш од некои нејзини движења можете да разберете што сака, а што не. Ако за време на сексот таа почне да се оддалечува од вас, тоа значи дека не и одговара некоја поза или движење, и обратно - ако таа започне да се приближува уште повеќе до вас, тоа значи дека навистина ужива во нешто.

Дали жените навистина лажираат оргазми?

Ова е прашањето што ги одржува мажите будни навечер, а одговорот на тоа е: да! Скоро секоја жена барем еднаш глумела оргазам, ако момчето не било доволно добро во кревет или ако не била баш расположена за секс. Од друга страна, секоја жена повеќе би сакала никогаш да не го прави тоа, бидејќи жените уживаат во оргазмот исто како и мажите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk