logo
logo
logo

Марија сама си подигнала надгробна плоча, а тажниот натпис го расплака цел Балкан: Душата и страдаше вечно...(ФОТО)

Vecer | 21.06.2021

Марија сама си подигнала надгробна плоча, а тажниот натпис го расплака цел Балкан: Душата и страдаше вечно...(ФОТО)

Сромните и искрените пораки врежани на надгробните плочи кои најчесто означуват кој почива под нив имаат за цел да остават трага и да кажат колку почината личност била сакана.

Фотографијата која деновиве се споделува низ социјалните мрежи е направена во Прокупје, а станува збор за надгробната плоча на Марија. Но, она кое го пишува на неа го растажи цел Балкан.

-Тука почива навредена жена, која никогаш не ги прежали навредите. Душата и страдаше вечно, а изгубеното срце вечно и плачеше, е напишано на споменикот.

Пораката која трогна многу интернет корисници натера дел од нив да се запрашаат каков живот имала Марија и зошто баш овие зборови се врежани на нејзиниот надгобен споменик.

На дното на споменикот каде обично се напишани имињата на членовите од семејството се крие уште една потажна порака.

-Марија жали животот кој го живеела, пишува на овој споменик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk