logo
logo
logo

Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес

Vecer | 01.11.2024

Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес

Децата на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Диего Марадона го најавија отворањето на Фондацијата Марадона за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно.

-Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето.

Споменикот наречен M10 Memorial, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно, според „m10memorial.com“.

Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап до споменикот, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот. Фондацијата ќе ги собере Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата на Диего Марадона, од три различни врски.

Славниот фудбалер инаку почина во ноември 2020 година.

На почетокот на октомври, судството го одобри префрлањето на телото на Марадона на овој иден споменик, за да им се олесни оддавањето почит на Аргентинците и туристите на „најголемиот идол на Аргентина“.

Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од неврохирургија поради хематом на главата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk