logo
logo
logo

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Vecer | 12.12.2024

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани.

Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 оценки за прехранбените производи.

На првите 10 места меѓу државите, се наоѓаат: Грција (со оценка 4,6 од 5), Италија, Мексико, Шпанија, Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Јапонија и Кина.

Во однос на македонските специјалитети, во рубриката „Мора да се проба“, највисоко рангирани се зелникот и макалото (со оценка 4,5 од 5), па сарма (4,4), ајвар и охридска пастрмка - со истата оценка. Меѓу пијалаците се истакнати вината „Шато Камник“ и „Тиквеш“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk