logo
logo
logo

Македонска, руска, француска салата - ЕВЕ ВО КОЈА ДРЖАВА КАКО ЈА ВИКААТ и како настанала

Vecer | 09.01.2023

Македонска, руска, француска салата - ЕВЕ ВО КОЈА ДРЖАВА КАКО ЈА ВИКААТ и како настанала

Веб-страницата Taste Atlas сподели мапа на која се гледа како во различни земји во светот се нарекува руската салата, омиленото јадење на празничната трпеза во земјите од регионот.

Да речеме во Босна и Херцеговина споменатото јадење најчесто се нарекува руска или француска салата, а интересно е што во другите земји во светот се прикачува за други земји. На пример, Французите ја нарекуваат македонска салата, додека во Германија, Норвешка и Финска ја нарекуваат италијанска.

„Некој мора да ја преземе одговорноста за ова“, се пошегуваа тие во објавата на страницата  кога споделија мапа со различни имиња за празничната салата.

Интересно е што ниту една нација не сака ова јадење да биде нивно, што е редок случај ако се земе предвид дека кога две или повеќе земји делат исто јадење, секоја обично ќе се обиде да го присвои.

Руската салата обично се прави со компири и зеленчук исечкан на коцки, потоа јајца и/или некој вид месо, мајонез и лесни зачини. Оригиналот бил измислен во 1860-тите од Лусиен Оливие, по кого носи едно од неговите имиња, готвач во популарниот, висококвалитетен московски ресторан L'Hermitage.

Неговата креација е сосема поинаква од она што го знаеме денес, со црн кавијар, пилешко и опашки од рак како главни состојки. Во текот на следните 150 години, јадењето еволуираше и стана подостапно за „обичните луѓе“, а гурманските состојки беа заменети со секојдневните.

Така, во Русија и Украина се нарекува Оливие, додека во земји како Шпанија, Португалија, Италија, Србија, Турција или Мексико се нарекува руски.

Името француска салата се користи во БиХ, но и во соседните Хрватска, Словенија и Унгарија. Во Бразил ја препознаваат како мајонез-салата, во САД и Австралија сè уште е салата од компири, а Индонезијците ја нарекуваат холандис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk