logo
logo
logo

Македонци во маици „Благодарам Србија“ дојдоа во Врање по втората доза, па прославија со песна (ВИДЕО)

Vecer | 06.05.2021

Македонци во маици „Благодарам Србија“ дојдоа во Врање по втората доза, па прославија со песна (ВИДЕО)

По билбордите на повеќе локации во градот во кои им се заблагодаруваа на Србија, луѓето од Македонија кои примија доза против болеста во Врање преку здружението „Спона“, денес во знак на благодарност настапија пред Спортската сала и им поделија на официјални лица и новинари, подароци и бонбоњери, пишува Нова.рс.

Како што е најавено, над 200 граѓани на Македонија, вклучително и здравствени работници и новинари, денес ја примаат втората доза во Спортската сала Врање, а од почетокот на акцијата во април, неколку стотици Македонци кои се јавиле во Српски културен информативен центар Спона, добиле некои од достапните дози.

Десетина се собрале, облечени во маици „Благодарам Србија“, изведоа кратка „културно-уметничка програма“ на скалите на влезот во Спортската сала.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=5gQk3n4c4eU&feature=emb_title[/embed]

Сè уште не е можно да се вакцинираат Македонци кои самоиницијативно и без претходна регистрација и потврда од надлежните здравствени установи во Србија се појавуваат на место за имун*зација.

Според Милутин Станчиќ од „Спона“, кај Македонците има голем интерес за примање на дозата, а на нивниот список имало 800 лица во различни периоди во текот на четирите дена во април.

„Како прво, станува збор за Македонци. Се пријавија кај нас, а списоците ги испративме до Министерството за здравство, кое испрати писмо до Здравствениот дом во Врање. Има многу малку српски граѓани, ги упативме да аплицираат преку е-влада“, вели Станчиќ.

Сепак, здружението на својата официјална страница на Фејсбук објави дека поради „голем притисок, акциите засега ќе бидат суспендирани“. Друга група луѓе кои ја примиле првата доза на крајот на април ќе бидат имун*зирани во Врање на 20 мај, додаде Станчиќ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk