Тимот кој ги води социјалните мрежи на Лидл во Ирска со години е познат по бројните шеги кон потрошувачите.
Тоа е така затоа што докажано е дека компаниите кои користат социјални мрежи на начин што не е стандарден, предизвикуваат поголеми симпатии во јавноста.
Така на мета се најде уште еден нивни потрошувач кој доби двосмислен одговор кој веднаш стана вирален во светот.
Карл Голдфинч им се обрати со фотографија од пакет чипс во кој недостасува дел долг околу 10 сантиметри (или можеби тој веќе јадел).
„Лидл, ми недостигаат 4 инчи (десет сантиметри) од вашиот производ“, напиша Карл, а администраторите на Твитер на Лидл не чекаа долго да одговорат.
„Карл, жал ни е што слушнавме дека ти фалат 4 инчи “, напишаа тие и нивниот одговор почна да се шири со неверојатна брзина.
Сепак, Карл не запре и им одговори.
„Вие не сте првите кои ми го кажуваат тоа, и веројатно не и последни “, се пошегува тој на крајот
Hi Carl we’re sorry to hear about your missing 4 inches... https://t.co/SitXl7WMAe
— Lidl Ireland (@lidl_ireland) February 11, 2021
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата