logo
logo
logo

Лидерот на СИРИЗА и неговиот сопруг си разменија брачни завети на островот Крит

Vecer | 31.08.2024

Лидерот на СИРИЗА и неговиот сопруг си разменија брачни завети на островот Крит

Каселакис и Макбет од средата се приватно на Крит каде што со низа свечености го прославија бракот склучен во октомври минатата година во САД.

Од СИРИЗА преку соопштение побараа од медиумите „да ги почитуваат личните и семејните моменти на претседателот на партијата во наредните денови на Крит“ и посочија дека не сакаат никакво медиумско покривање на настанот што не се однесува на политичката активност на претседателот на партијата.

Свеченоста се одржа под строги безбедносни мерки, според грчките медиуми било огромно присуството на полицијата, а биле приведени и две лица, дел од новинарска екипа кои се обиделе да снимаат со дрон.

Непосредно пред свадбените прослави, Каселакис и Макбет преку специјалниот сајт „Honeyfund“, им дадоа можност на гостите наместо подароци да уплатат одреден паричен износ за медениот месец на брачниот пар, но и доколку сакаат, да им остават порака.

Стефанос и Тајлер на крајот од октомври стапија во брак во Њујорк, со оглед на тоа што тогаш во Грција сè уште не беа легализирани истополовите бракови.

Откако се изгласа законот во грчкиот Парламент на средината на февруари годинава, лидерот на СИРИЗА најави дека на лето со неговиот сопруг ќе одржат свадбена прослава во Грција. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk