Тие живеат во речиси сите мориња и океани, што е невообичаено за другите китови. Сепак, тие претпочитаат поумерени и постудени региони.
Тие се врвни предатори, понекогаш наречени „морски волци“.
Феноменот е забележан од експерти од Германија, Шпанија, Велика Британија и Чиле, за тоа како орките можат да имитираат човечки говор.
Целата студија е објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences“, а сѐ е документирано во видео и аудио формат.
Професорот Џозеф Коуп од Универзитетот Сент Ендрјус објасни дека истражувачите сакале да видат колку се „флексибилни“ китовите убијци кога станува збор за копирање на необични звуци.
Тие успеаја да ја обучат орката Вики да имитира различни звуци, а потоа фрази – „здраво“, „Ејми“, „еден, два, три“ и „чао“.
Додека ја снимале Вики, научниците заклучиле дека таа брзо копирала звуци, но и истакнале дека не го разбира нивното значење, туку едноставно ги повторувала, како папагал, пренесува IFL Science.
Ова е прв случај кит убиец да биде научен да имитира човечки говор, иако снимките звучат малку страшно, како што коментираа многу гледачи.
„Звучеше како демон“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Најсмешното и најстрашното нешто што некогаш сум го слушнал“.
Иако само еден израз (здраво) бил правилно произведен повеќе од 50 проценти од времето, истражувачите заклучиле дека орките можат да имитираат гласови.
„Иако морфологијата на орките е толку различна, тие сепак можат да произведат звук кој е близок до она што друг вид, во овој случај ние, може да го произведе“, вели професорот Кол.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата