logo
logo
logo

Девојка ЛАЖИРАЛА БОЛЕСТ, а за лекување собирала донации! Мајка и ја ОТКРИЛА

Vecer | 23.09.2021

Девојка ЛАЖИРАЛА БОЛЕСТ, а за лекување собирала донации! Мајка и ја ОТКРИЛА

Меган Скочер (28) од Дербшир, која тврдела дека боледува од рак и барала помош за лекување, ја лажирала својата болест за да собере пари. Сега е обвинета за измама и и се заканува затворска казна.

Девојката покренала кампања на страница за собирање донации, наведувајќи дека и е дијагностициран рак на мозокот и дека и требаат пари за лекување. Во текот на минатата година собирала донации, а во акцијата се вклучило момче кое со велосипед поминало 1000 км собирајќи пари за неа и за нејзините деца.

Меган објавила дека ракот и бил дијагностициран уште кога била тинејџерка, но тогаш бил во фаза на реемисија. Жената минатата година му соопштила на семејството дека ракот и се вратил. На мајка си и рекла дека лекарите и откриле израсток на мозокот и дека ќе живее уште неколку месеци.

Мајка и се посомневала во кажаното затоа што никогаш не и дозволувала заедно да одат на преглед. Секогаш морала да ја чека пред болницата, со изговор дека тоа е заради пандемијата со корона вирусот. И рекла дека во болницата дозволуваат влез само за пациентите, пренесува Мирор.

Исплашената жена се обидела да го контактира нејзиниот онколог, но лекар со такво име немало во болницата. Тогаш и станало јасно дека се работи за измама и ја принудила ќерка си се да и каже.

Меган подоцна во полицијата рекла дека западнала во големи долгови заради поранешниот партнер и дека морала да лажира болест за да собира пари.

Таа е обвинета за измама и осудена е на 10 месеци затвор и уште една година условна казна.

- Го лажела семејството дека има рак. На роднините и пријателите им раскажала ужасна лага. Она што го направила и нанело огромна штета на нејзиното семејство и добрите луѓе кои сакале да и помогнат, рекол судијата по соопштувањето на пресудата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk