logo
logo
logo

Купувачот е анонимен: Овој пентахус е најскапиот имот платен во криптовалути (ФОТО)

Vecer | 16.06.2021

Купувачот е анонимен: Овој пентахус е најскапиот имот платен во криптовалути (ФОТО)

Продажбата на ексклузивниот пентхаус во населбата Сурфсајд во Мајами Бич постави рекорд во најголемата трансакција со недвижнини платена во криптовалута во износ од 22,5 милиони долари.

Пентхаусот е на деветтиот кат од градбата која вкупно има 12 ката, а има четири спални соби и четири бањи. Поседот за кој станува збор е стан од 500 метри квадратни, а поседува и величествена тераса од скоро 300 квадрати со поглед кон океанот.

„Криптовалутите се иднината на богатството, а веруваме дека ова е нов почеток. „Arte“ создаде преседан за оваа продажба, па имавме можност да видиме како изгледаат и колку брзо може да се направи тоа. Горди сме што ги поставивме темелите за овој нов свет“, изјавил Џовани Фашано.

Домот го продала Агенцијата „Arte Surfside“, a купувачот е анонимен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk