Откриле дека купиле куќа од 1950-тите, а потоа добиле неочекувано изненадување додека го средувале подрумот.
Тие објавија фотографии од нивното откритие на популарната социјална платформа и го нарекоа „голема авантура и патување“, пишува Newsweek.
„Сакавме да заштедиме пари, па почнавме сами да го чистиме подрумот. Најдовме куп работи внатре, но и 30 кутии покриени со прашина“, објаснила жената.
Биле воодушевени кога сфатиле дека кутиите се полни со книги што им припаѓале на претходните сопственици.
Меѓу нив бил алманахот на Бенџамин Френклин, првично објавен во 1732 година, како и Џ. Р.Р. Толкин, првично објавен во 1937 година.
„Најдовме и сет на „Господарот на прстените“ од 1966 година, како и издание на „Хобит“ од истата година. Имаше еден куп стари весници и списанија, навистина кул“, истакна таа.
Сопственикот на книгите прецизно собирал написи од весници и ги чувал во вреќи, поделени по теми, како што е здравје. Многу од пронајдените предмети датираат од пред 1960-тите.
Младиот пар планира повеќето од книгите да ги подари на локална книжарница, а дел да задржи за себе. Корисниците на Reddit беа воодушевени од откритието.
„Толку сум љубоморна“, напишала една личност, а друга додаде: „Како ти завидувам! Ова е како да пронајдеш скриено богатство“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата