logo
logo
logo

Купила носена чанта за 45 евра, па внатре ја чекало големо изненадување (ВИДЕО)

Vecer | 15.10.2024

Купила носена чанта за 45 евра, па внатре ја чекало големо изненадување (ВИДЕО)

Станува збор за собир на граѓани на Сиетл кои сакаат да се ослободат од старите работи, а се организира секоја година, пренесува Newsweek.

Ешли (26) веднаш ја забележала чантата Kate Spade New York  со пруги.

„Знаев дека морам да ја имам. Сакам да поседувам вакви работи. Дизајнот особено ми се допадна, а изгледаше како нова“, објаснува таа.

Еден месец подоцна, сепак, добила изненадување кога го отворила внатрешниот џеб - за кој не ни знаела дека постои.

„Одев да ги ставам клучевите и слушалките во чантата и видов друг патент и го отворив. Внатре имаше 50 долари“, рече таа.

Но, тоа не е крајот. Внатре пронашла плико со уште 350 долари.

„Ги броев парите, во неверување. Се тресев и сигурно нема да го заборавам тоа искуство“, истакнала таа.

Кога се смирила, помислила дека бившиот сопственик можеби заборавил на парите, или сакал да ги донира со чантата.

„Се обидов да дознаам кој е сопственикот, но безуспешно. Благодарна сум за ова откритие“, рече таа.

@ashleynikkolex

this is your reminder to always check the pockets of the things you thrift

♬ original sound - ashleynikkolex

Ешли искористила дел од парите за да плати неподмирени сметки, додека донирала 100 долари во добротворни цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk