Сметајќи го дотраениот душек за тежок отпад кој само зафаќа многу простор, куќната помошничка го извадила од гаражата на сопственичката - постара жена, и го однела на градската депонија. Помошничката не знаела дека душекот е користен како складиште пари, накит и кредитни картички.
По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот веќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата.
Така, заедно со околните општински службеници стигнале до депонијата. Потрагата потоа траела дури еден час, но душекот е пронајден, а со него и недопреното богатство. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата