logo
logo
logo

„Кукла од хорор филм“: Има преку три килограми силикон во телото и сака да додаде уште (ФОТО)

Vecer | 04.02.2023

„Кукла од хорор филм“: Има преку три килограми силикон во телото и сака да додаде уште (ФОТО)

Кити Инк од Виена потрошила многу пари на пластични операции за да се обезличи, а луѓето коментираат дека изгледа како кукла од хорор филм.

Кити Инк е тату уметник и модел, чиј ексцентричен изглед привлекува внимание каде и да се појави. Тетоважите, силиконите и тешката шминка станаа нејзин животен стил.

Уште од детството е опседната со претерани и екстремни работи, па затоа донела одлука да направи серија пластични операции за кои издвоила неверојатни 90.000 евра. Таа сега има повеќе од три килограми силикон во телото, а нејзините гради содржат 1.000 кубни метри пластика. Сепак, таа не е задоволна со тоа и сака уште повеќе да ги зголеми градите.

"Отсекогаш ме фасцинирало нешто посебно. Кога луѓето би рекле "тоа е премногу" или "тоа не е природно", веднаш ме интересираше. Ако е премногу за тебе, тогаш тоа е нешто добро за мене", рекла Кити за нејзината трансформација и додава:

"Одредена состојба на финансиска независност многу помага кога сакате да се издвоите од толпата со екстремен изглед. Имав две зголемување на градите. Имав различни липосукции на нозете, стомакот, колковите и брадата. Имав и третмани со радиофреквенција на моите пазуви и стомак. Имав мали дотерувања и безброј филери и ботокс за моите усни, образи, брадата и челото. Тоа е само одржување за мене“.

Освен што е подложена на операции, Кити поминала најмалку 100 часа од својот живот создавајќи голем број „необични, реални тетоважи“. И покрај сумата на пари што веќе ја потрошила на своите модификации, таа признала дека „не се гледа крајот“.

Својата куќа ја потчинила на животниот стил кој го негува, па во неа има продавница за шминка, но и клуб со стриптиз барови.

Кити добива мешани коментари за нејзиниот изглед, а повеќето од нив се негативни. Сепак, таа истакнува дека не и е грижа што мислат луѓето за неа. И покрај негативните коментари, Кити едноставно ужива да биде забележана, како што рече:

„Една од најлошите работи на светот е игнорирањето, па колку попривлечно, толку подобро.“

Фото: принтскрин инстаграм

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk