logo
logo
logo

Куќа на ужасот во која живееле детето пред да го убијат родителите- мувлосана цуцла... (ВИДЕО)

Vecer | 03.04.2024

Куќа на ужасот во која живееле детето пред да го убијат родителите- мувлосана цуцла... (ВИДЕО)

Финли претрпел 130 ужасни повреди пред да умре на само 10 месечна возраст во Дербишир на Божиќ 2020 година.

Тој беше вратен на неговите родители Стивен Боден и Шенон Марсден од судот 39 дена пред неговата смрт, и покрај тоа што социјалните служби предупредувале дека користат дрога.

На страшните фотографии се гледа како мувла расте во неговото шише за млеко, догорчиња од цигари, пепел и празни лименки на ноќната маса, додека кујната е преполна со валкани садови.

Во бањата може да се види када полна со ѓубре, вклучувајќи и две кеси за ѓубре полни со канабис, пишува Метро.

Финли „требаше да биде едно од заштитените деца“ пред да биде убиен среде кампања за злоупотреба, според извештајот на вештаците објавен минатата недела. Бебето било целосно изневерено од социјалните работници кои ги прифатија изговорите на Боден и Марсден и правеа половични обиди да дојдат до него, пишува Метро, каде е објавена галеријата од ужасни фотографии.

Еден дури и занемарил дека Марсден се појавил да купи дрога надвор од валканата куќа каде што живееле со бебето.

Два дена откако Финли бил вратен кај неговите родители, на социјалниот работник кој го посетил нивниот дом му било кажано дека ја добил џумката на главата од играчка.

Шест посети требало да се случат во неделите пред неговата смрт, но само четири биле обиди, се вели во извештајот.

За време на една од тие посети немало одговор од семејството. Сега е објавено и видеото од последната прошетка на малиот Финли. 

Посетата на социјалните служби на Бадник 2020 година, ден пред смртта на Финли, не се одржала.

На судот му било кажано дека момчето има 57 скршени коски, 71 модринка и две изгореници на левата рака.

Судијата рече дека „дивјачкото, продолжено“ убиство имало „садистичка мотивација“.

Боден - кој веќе одлежал казна за насилство - и Марсден добиле минимални казни од 29, односно 27 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk