logo
logo
logo

Кравји измет како лек за Корона, лекарите со апел до локалното население да не се практикува овој „лек“

Vecer | 14.05.2021

Кравји измет како лек за Корона, лекарите со апел до локалното население да не се практикува овој „лек“

Бидејќи Индија се соочува со катастрофален бран на коронавирус, лекарите ги предупредуваат жителите да не користат измет од крава како лек или превентивен третман против вирусот, пишува IFLScience.

Водечките индиски лекари ги предупредија луѓето на оваа практика откако дознаа дека жителите на државата Гуџарат посетувале засолништа за крави еднаш неделно за да ги покријат своите тела со измет од крава и урина, со надеж дека ќе го зајакнат имунитетот во борбата против Ковидот.

Кравите се сметаат за свети животни во хиндуизмот и долго време заземале важно место во индиската култура. Во некои делови на рурална Индија, измет од крава се користи како извор на гориво за оган и како ѓубриво. Повремено се користи и во ајурведската медицина и некои гранки на народната медицина чии застапници тврдат дека поседуваат антибактериски и антифунгални својства, што наводно ги прави ефикасен лек за многу болести. Сепак, не постојат научни докази за поддршка на ваквите тврдења, особено во случајот наКовид.

„Не постојат конкретни здравствени докази дека изметот или урината на кравите можат да го зајакнат имунитетот против Ковид-19,  таа теорија базирана целосно на религијата. Исто така, постојат здравствени ризици поврзани со размачкување или консумирање на такви производи затоа што други болести можат да се пренесат од животни на луѓе“, изјави за Ројтерс д-р Ј.А.Јаџалал, претседател на индиската медицинска асоцијација.

Работите излегоа толку од контрола што Царината на САД побара од патниците да не ставаат измет од крава во багажот откако на аеродромот откриле две тегли измет од крава во изгубен куфер. Мистериозниот пакет бил пронајден на аеродромот во Вашингтон, а го оставил патник од лет на „Ер Индија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk