Била во друштво на мајка ѝ, сестрата и зетот кога забележала дека животното, нормално рурален вид со долго крзно, опасно ѝ се приближува. Пред да може да реагира, веќе било доцна.
Мајката на четири деца го опишала ужасното искуство.
„Забележавме стадо и не сакав да поминам. Сестра ми ми рече дека кравите се пријателски расположени, бидејќи во спротивно би биле во заграден простор. Ја послушав, но не требаше“, објасни таа.
Ланет вели дека една крава почнала да се приближува, но не побегнала, плашејќи се од нејзината реакција.
„Знаев дека нема да биде добро штом ја спушти главата. Во секунда ме фрли во воздух, а потоа ме наби на роговите. Ми ги прободе панталоните и долната облека“, рече таа.
Таа смета дека е вистинско чудо што преживеала само со модринки на бутовите, што може да се види на објавените фотографии.
Mum 'impaled' by vicious cow and thrown 2ft into the air in horror attack https://t.co/OLl1N6Rdly pic.twitter.com/uGfDLf7bYv
— The Mirror (@DailyMirror) October 18, 2024
„Не престанувам да размислувам за нападот. Имам кошмари дека кравата повторно ќе ме нападне“, открила таа.
Таа не знае зошто била цел на напад, но верува дека е виновен нејзиниот црвен кармин, пренесува The Sun.
„Беше страшно. Рогот можеше да ми помине низ ногата. Бев загрижена за мајка ми, која боледува од Алцхајмерова болест, бидејќи ако ѝ се случеше ова, ќе ја убиеше“, изјави Ланет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата