logo
logo
logo

Краткорочното спиење може да биде фатално за една група луѓе, еве кои!

Vecer | 22.07.2024

Краткорочното спиење може да биде фатално за една група луѓе, еве кои!

Меѓутоа, овде важи правилото дека мора да внимавате што посакувате, бидејќи данските научници утврдиле дека ако спиете повеќе од девет часа и сте дијабетичар, тоа може да има сериозни последици по вашето здравје.

Во ова данско истражување учествувале 400 испитаници на кои им бил дијагностициран дијабетес тип 2 во последните три години. Целта на студијата била да се утврди врската помеѓу должината на спиењето и ризиците по здравјето.

Учесниците биле поделени во три групи: првата група спиела помалку од седум часа, втората имала оптимални седум до девет часа сон, а третата спиела повеќе од девет часа.

Во текот на 10-те дена истражување, научниците барале знаци на микроваскуларно оштетување, односно оштетување на малите крвни садови, што може да доведе до сериозни проблеми како што се губење на видот и слабеење на функцијата на бубрезите.

Ова оштетување било откриено кај 38 отсто од луѓето кои спиеле помалку од седум часа, во 31% отсто било застапено кај луѓето кои спиеле предолго, додека кај оптималната група процентот бил само 18.

Статистиката покажува дека кај луѓето кои спиеле помалку од седум часа, ризикот од микроваскуларни заболувања бил 2,6 пати поголем во споредба со оптималната група, додека кај оние кои спиеле повеќе од девет часа, ризикот бил 2,3 пати поголем.

Со возраста, бројките стануваат уште полоши - имено, кај луѓето над 62 години, краткото спиење го зголемува ризикот од опасни болести за дури 5,7 пати во споредба со луѓето кои спијат меѓу седум и девет часа.

Истражувачите, кои ќе ги претстават своите наоди на состанокот на Европската асоцијација за дијабетес во Мадрид, ја нагласуваат важноста од фокусирање на времетраењето на спиењето.

Микроваскуларното оштетување е тесно поврзано со дијабетес тип 2, вклучувајќи нефропатија и ретинопатија.

Околу 20 проценти од луѓето со дијабетес ќе развијат дијабетична нефропатија, што може да доведе до бубрежна болест – ова често бара трансплантација или дијализа.

Нефропатијата може да доведе до скок на крвниот притисок, како и зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

Ретинопатија води до постепено влошување на видот, заматен вид и болка во очите, пишува The Sun.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk