logo
logo
logo

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија

Vecer | 25.02.2026

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија

Кралската палата информираше дека кралот, кој е на приватен одмор во Шпанија заедно со неговата сопруга, кралицата Соња, е во добра состојба. Личниот лекар на кралот ќе отпатува за Тенерифе за да им помага на локалните здравствени служби, додаде институцијата.

Харалд (82) е најстариот монарх во Европа и е церемонијален шеф на државата на Норвешка од 1991 година.

- Му посакувам на нашиот крал брзо закрепнување – изјави премиерот Јонас Гар Стере за норвешката јавна телевизија НРК.

Харалд претходно беше хоспитализиран во 2024 година поради инфекција за време на одмор во Малезија, каде што во локална болница му беше вграден привремен пејсмејкер. Подоцна тој беше префрлен во Норвешка, каде што му беше имплантиран траен уред.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk