logo
logo
logo

Кралот Чарлс трогнат до солзи од пораките на поддршка

Vecer | 22.02.2024

Кралот Чарлс трогнат до солзи од пораките на поддршка

- Добив толку многу убави пораки и убави желби... Поголемиот дел од времето бев во солзи поради тоа, изјави Чарлс.

Монархот одржува седмична средба со премиерот, затворена за јавноста, иако на камерите понекогаш им е дозволено да го снимаат почетокот на состанокот. Оваа средба е првата официјална аудиенција што Чарлс ја одржа со Сунак откако му беше дијагностицирана болеста.

- Сите се со тебе!, одговори Сунак, кој пред сѐ нагласил дека кралот изгледа одлично.

Бакингемската палатата претходно овој месец објави дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак - помалку од 18 месеци од неговото владеење. Не се открива за каков точно вид рак се работи, но кралот почнал со редовни лекарски третмани. Тој ќе продолжи да ги извршува државните должности додека се лекува.

Сепак, како што пренесува „Сан“ (The Sun), можно е поголемиот дел од должностите на Чарлс да ги преземат неговиот син и престолонаследник, принцот Вилијам (41) и сопругата на кралот, кралицата Камила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk