logo
logo
logo

Кралот Чарлс, наводно, го поканил својот брат, принцот Ендрју, на Божиќниот семеен собир

Vecer | 03.12.2024

Кралот Чарлс, наводно, го поканил својот брат, принцот Ендрју, на Божиќниот семеен собир

„Упатените велат дека кралот е категоричен за одржување на семејното единство, особено за време на божиќните сезона... Поканата на кралот до Ендрју е мировна понуда што војводата од Јорк треба да ја прифати“, се наведува во написот.

Според медиумите, Чарлс оваа година сака, пред сѐ, да минува повеќе време со семејството, откако му беше дијагностициран рак. Тој, затоа, планира голема божиќна забава.

Принцот Ендрју се преселил во Кралскиот дворец во 2003 година и, според него, вложил седум милиони фунти во реновирање. Сепак, извори од британската Палата тврдат дека кралот не верува во таа приказна „бидејќи никаде на имотот не ги гледа“ тие вложени пари. Пред неколку години, принцот беше поврзуван со контроверзниот милијардер Џефри Епстин, инаку обвинет за недозволена секс-трговија. Повикот до Ендрју е своевидно изненадување, бидејќи неодамна беше објавено дека Чарлс престанал да го финансира и го повлекол приватното осигурување. 

Се говореше и дека кралот дури и се обидел да го пресели својот брат од Кралската ложа и да го пресели во Куќата Фрогмор (поранешниот дом на Меган Маркл и принцот Хари). Сепак, Ендрју одбил да замине. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk