logo
logo
logo

Користите ли често сламка за пијалаци?! ВНИМАВАЈТЕ, тоа може да доведе до здравствени проблеми

Vecer | 19.04.2021

Користите ли често сламка за пијалаци?! ВНИМАВАЈТЕ, тоа може да доведе до здравствени проблеми

Не постои штета доколку повремено користиме сламка за омилениот пијалок, но доколку тоа ви е секојдневна навика, тогаш може да дојде до сериозни проблеми како што се создавање на гасови, и проблеми со забите.

Индустријата покрај пласитчните кои ги има во најголем број, смислила и дрвени и метални, меѓутоа користењето на сите може да доведе до тегоби.

Гасови и тегоби во стомакот, е една од можните причини на оние кои често користат сламка за пијалоци. Со користењето на сламка повлекувате и вишок на воздух кој во дигестивниот систем предизвикува абдоминална непријатност и напнатост.

Ако во текот на неколку недели користите сламка, околу устата би можеле да ви се појават брчки. Исто така предизвикуваат и проблеми со забите, односно кариес.

Покрај тоа, со користење на сламка, го изложувате вашиот организам на штетни хемикалии кои се лепат за сламката. Згора на тоа сламките се изработуваат со материјал кој се вика полипропилен. Пластиката преставува сериозен ризик за нашето здравје и ја нарушуваат хормоналната рамнотежа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk