logo
logo
logo

Комшиката ми го остави нејзиното дете на чување на неколку часови и никогаш повеќе не се врати!

Vecer | 16.06.2021

Комшиката ми го остави нејзиното дете на чување на неколку часови и никогаш повеќе не се врати!

Британката Розалинда (70) одлучила да ја сподели својата приказна на ТикТок – односно да раскаже за една случка која и го променила животот.

За време на нејзината младост таа често се грижела за децата на соседството, па оттаму не и било чудно што мајка на едно детенце ја замолила да и го почува синот додека таа е во супермаркет. Розалинда се согласила да и помогне но не очекувала дека наместо неколку часа таа ќе го чува детето цело негово детство и тинејџерски денови, пренесува The Sun.

Имено, во видеото таа открива дека мајката никогаш не се вратила по својот син. Па така Розалинда го чувала детенцето се до неговата 18та година по што тој решил да се впушти во потрага по неговиот биолошки татко.

Кога Розалинда имала 20 години лекарите и соопштиле дека таа никогаш нема да може да има деца. Токму поради ова таа без никаков проблем ги чувала децата од соседството а во 1990 година посвоила девојче по име Лола.

Лола сега има 30 години и често се појавува во видео објавите на својата мајка – која патем е вистинска ѕвезда на ТикТок бидејќи несебично ги споделува своите искуства и храбри приказни од својот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk