logo
logo
logo

Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата

Vecer | 04.10.2024

Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата

„Ц/2023 А-3“ позната како Цучиншан-АТЛАС или скратено „А-3“, беше откриена во јануари 2023 година. е работи за голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето. Се смета дека тој содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања.

Се проценува дека „А-3“ последен пат била близу Земјата пред околу 80.000 години, во предисторијата.

Кометата веќе може да се види од Европа. Има два клучни периоди за набљудување од Земјата:

На почетокот на октомври 2024 година, кометата ќе се појави на исток, ниско на хоризонтот, пред изгрејсонце. Но овој период ќе биде потешко таа да се види.

Периодот од средината до крајот на октомври ќе биде најдобар за набљудување, кога вселенското тело ќе се појави на запад, веднаш по зајдисонце. Оддалеченоста од Земјата ќе биде околу 71 милион километри. Астрономите очекуваат дека, доколку условите се соодветни, ќе биде доволно светло за да се види и со голо око, или барем со двоглед. Ваква можност, Земјаните имаат само еднаш во 80.000 години, според стручаците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk