Не се препорачува истовремено консумирање лекови и алкохол бидејќи алкохолот може да го промени ефектот и на лековите и на хербалните препарати, што значи дека може да се појават различни несакани ефекти.
- Не постои лек за кој може да се каже дека оди со алкохол. Здравствената состојба треба да ја сфатите сериозно и не треба да ризикувате да се влоши, велат лекарите и укажуваат на несаканите ефекти кои можат да се појават кога се комбинираат со алкохол.
<b>ЗА СРЦЕ И ПРИТИСОК</b>
Ако лековите за срце и крвен притисок се комбинираат со алкохол, нивниот ефект се менува, па може да дојде до забрзување на срцето, аритмии, ненадејни промени во притисокот, влошување и засилување на болката во градите и зголемување на ризикот од развој на срцев или мозочен удар.
<b>ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА И ЗА БОЛКИ</b>
Лековите за намалување на треска и болка (ацетил-салицилна киселина, парацетамол, ибупрофен, диклофенак...) во комбинација со алкохол ја зголемуваат веројатноста за развој на стомачно крвавење, зголемен ризик од срцев и мозочен удар.
<b>ЗА РАЗРЕДУВАЊЕ НА КРВТА</b>
Не смееме да ја заборавиме комбинацијата на алкохол со разредувачи на крв. Тогаш доаѓа до зголемување на нивниот ефект, а со тоа и веројатноста за развој на внатрешно крварење.
<b>ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ</b>
Алкохолот го нарушува ефектот на лековите за дијабетес, така што таа комбинација дефинитивно треба да се избегнува.
<b>ЗА СМИРУВАЊЕ</b>
Круна на сите се психијатриските лекови од семејството бензодиазепини, но и сите други лекови. Овие комбинации водат не само до интоксикација и поспаност, туку и до лудо (психотични) однесување, престанок на дишењето, кома и смрт.
<b>ЗА ЕПИЛЕПСИЈА</b>
Комбинацијата на алкохол и антиепилептични лекови е особено опасна бидејќи го намалува ефектот на лековите за епилепсија и ја зголемува зачестеноста на епилептичните напади.
<b>ЗА АЛЕРГИИ</b>
Исто така опасна е комбинацијата на лекови против алергии и алкохол поради влијанието врз нашиот нервен систем во форма на поспаност, вртоглавица, конфузија и губење на координацијата.