logo
logo
logo

Колку сте подложни на зараза од коронавирусот доколку не сте ревакцинирани?

Vecer | 17.05.2021

Колку сте подложни на зараза од коронавирусот доколку не сте ревакцинирани?

Една нова студија покажа дека повеќе од 99 проценти од пациентите кои биле хоспитализирани за ковида-19 во текот на првите четири месеци од 2021 година не биле вакцинирани или ревакцинирани.

Клиниката „Кливленд“ објави податоци кои покажуваат дека вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се повеќе од 96 проценти ефикасни во спречување на заразата.

„Студијата покажа дека шансите вакцинирани лица да се разболат се многу помали во споредба со оние кои не биле вакцинирани“, објасни д-р Доналд Дамфорд, додавајќи:

„Враќањето во нормален живот значи дека мора да имаме што повеќе имуни лица, а вакцината е најдобриот начин да се постигне тоа“, истакнал д-р Дамфорд

Во периодот од 1 јануари до 13 април, оваа клиника примила 4.300 лица кои заболеле од Ковид-19. Од нив, 99,75 проценти не биле целосно вакцинирани, што значи дека не ги примиле двете дози на вакцината.

Студијата опфатила и 47.000 вработени на оваа клиника, од кои некои примиле само една доза на вакцина, некои и двете, а некои ниту една.

1.991 од нив се заразиле со коронавирус во следните неколку месеци. Меѓу нив имало дури 99,7 проценти од оние кои не биле вакцинирани, а само 0,3 проценти ги примиле двете дози на вакцината, пренесува WebMD.

Клиниката започнала да ги вакцинира своите вработени во декември минатата година, бидејќи првите пратки на вакцини биле ограничени, повеќето вработени не ја примиле вакцината пред почетокот на 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk