logo
logo
logo

Колибрите пијат голема количина алкохолен нектар, но се чини, не се опиваат

Vecer | 30.03.2026

Колибрите пијат голема количина алкохолен нектар, но се чини, не се опиваат

 И, сега, најпосле, благодарение на нови истражувања објавени во британското Кралско друштво „Отворена наука“ (Royal Society Open Science), може да ги додадеме и колибрите во списокот на „пијаниците“ во животинското царство.

Колибрите пијат алкохолен нектар. Научниците што ја проучуваат консумацијата на нектар откриле дека некои цвеќиња природно содржат мали количини на етанол поради ферментација. Изложеноста на алкохол е рутински дел од исхраната на некои животни. Така, во контролирани експерименти, видот наречен колибрите на Ана (Calypte anna) покажаа јасна склоност кон нектар со многу ниска содржина на алкохол, околу еден отсто или помалку, а нивниот интерес се намалува со зголемувањето на содржината на алкохол. Тоа не е доволно за да ги опие. Значи, тие се „умерени пијачи“, пишува „Вајс“ (Vice).

Истражувачите потврдија дека колибрите пијат алкохол, по анализа на нивните пердуви, откривајќи нуспроизвод од метаболизмот, со етанол и етил-глукуронид. Ова значи дека телата на колибрите го обработуваат алкохолот на сличен начин како нашето, но со голема разлика во количината и намената.

Имено, на колибрите им е потребен алкохол за да преживеат, бидејќи речиси постојано ги согоруваат своите калориски резерви само за да останат живи.

Колибрите секој ден пијат алкохолен нектар - вообичаено, колку што самите се тешки, а понекогаш дури и значително повеќе. Ова значи дека траги од етанол можат да се наталожат во нив. Но, проценките говорат дека нивниот дневeн внес на алкохол е приближно еднаквосоодветен на она што човек го внесува пиејќи мало пиво на ден. Сè уште е нејасно е дали овие ниски нивоа на алкохол имаат некаков ефект врз однесувањето или биологијата на колибрито. Истражувачите се сомневаат дека може да има и недостатоци, и придобивки, но ќе бидат потребни многу повеќе истражувања за да се утврди тоа точно.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk