Во новата книга на американскиот новинар Омид Скоби, насловена „Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy's Fight for Survival“, се откриени различни детали за љубовниот живот на престолонаследникот Вилијам (41). Никогаш немало недостиг од контроверзи околу британското кралско семејство, а иако не се знае дали се вистинити, факт е дека во последно време се почесто се зборува за некои работи.
Една од приказните што кружи е дека Вилијам ја изневерувал Кејт Мидлтон (41) додека таа била бремена со третото дете. Наводно, неговата љубовница била поранешната британска манекенка Сара Роуз Ханбери (39).

Новинарот наведува дека Кенсингтонската палата направила се за да ги замолчи шпекулациите за измамата, па се обиделе да го натераат британскиот „Сан“ да престане да копа по таа приказна.
Судот им ветил на новинарите и други „ексклузивни вести“ поврзани со кралското семејство, само за да престанат со драмата околу Вилијам. Во јуни 2019 година, „Сан“ наводно го повлече новинарот од приказната. Таблоидот се сврте кон низа други приказни, чија цел беше да разоткрие сè околу принцот Хари и Меган Маркл.

Омид Скоби рекол дека е многу внимателен со гласините дека принцот Вилијам ја изневерил Кејт.
А која е точно Сара Роуз Ханбери? Таа е припадничка на британското благородништво, сопруга на седмиот маркиз од Чолмондели, Дејвид Чолмондели. Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца, а блиски се и со британскиот двор, па присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета II, а нејзиниот син беше и на крунисувањето на кралот Чарлс Трети (75).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата